Вардар одигра само реми против Башкими, Струга го совлада Пелистер за прв место на табелата

by bojan
1 минути читање

Последните два натпревари во 8. коло на ПМФЛ донесоа победа на Струга од 2-0 над Пелистер, и реми без погодоци на пресметката помеѓу Башкими и Вардар.

Струга е осамена на врвот на табелата откако попладнево со 2-0 го совлада Пелистер, а Вардар одигра 0-0 на гостувањето кај Башкими.

Натпреварот во Куманово не донесе многу шанси, најголемата ја има домаќините во првото полувреме, Марко Симоновски се најде осамен пред Талески, но голманот на „црвено-црните“ одбрани.

Во второто полувреме, и Башкими и Вардар имаа по една добра прилика, но голманите беа поуспешни од стрелците.

Натпреварот беше одбележан и од инцидент во 55. минута кога дојде до прекин откако навивач на домашната екипа падна од трибината.

Во Струга, домаќините во финишот од мечот стигнаа до триумф од 2-0 над Пелистер и нови три бода.

„Џокерот“ Малески беше двоен стрелец и ја продлабочи кризата на Пелистер, за кого ова беше петтиот пораз по ред.

ФОТО: fb/F.C. Struga

Можно е и ова да ти се допаѓа

×