Раководството застана зад Аморим, тренерот останува во Манчестер Јунајтед!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед нема да прави промени на клупата и покрај поразот од Брентфорд со 3-1 во 6 коло од Премиер лигата. Раководството останува зад Рубен Аморим и му дава целосна поддршка.

Според информациите на „Би-Би-Си“, Џим Ратклиф смета дека оценка за неговата работа може да се даде само на крајот од целата сезона. Клубот верува дека тимот е на вистинскиот пат и не се разгледува идеја за нов менаџер.

Во јавноста се споменуваа имињата на Андони Ираола, Оливер Гласнер и Фабијан Хирцелер како можни наследници, но засега тоа изгледа нереално.

Аморим минатата есен го презеде Јунајтед и досега освои 34 бода на 33 натпревари во Премиер лигата. Тимот сè уште нема победа на последните два меча, а дополнително беше елиминиран од четвртолигашот Гримсби во Карабао купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×