85
Вардарци го добија и вториот заостанат натпревар од Првата лига, овој пат со минимални 1-0 го совладаа „комшијата“ Работнички.
Вардар долго време се мачеше да го скрши отпорот на Работнички, имаа неколку шанси, а Николов ја погоди и стативата.
Клучниот момент се случи во 78. минута кога по асистенција од Фелипе, Барсегјан ја смести топката во мрежата на Работнички за водство на Вардар од 1-0.
По 18 одиграни кола Вардар има осум бода помалку од Шкендија која е лидер по есенскиот дел.
Табела:
1. Шкендија 46
2. Вардар 38
3. Силекс 31
4. Академија Пандев 25
5. Работнички 23
6. Шкупи 23
7. Победа 19
8. Ренова 18
9. Пелистер 16
10. Скопје 10