Манчестер јунајтед има четири кандидати за наследник на Аморим

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед повторно потфрли и со поразот од Брентфорд (1-3) ја зголеми кризата во редовите на клубот, па така повторно на удар е тренерот Рубен Аморим.

Аморим досега имаше поддршка од раководството, но според последните информации веќе го троши последниот „кредит“, а во клубот веќе размислуваат и кој би можел да го наследи.

Како најсериозни кандидати се споменуваат поранешниот селектор на „Гордиот Албион“ Герет Саутгејт, актуелниот тренер на Кристал Палас Оливер Гласнер, стратегот на Борнмут Андони Ираола, како и поранешниот менаџер на Челси, Грем Потер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×