ВИДЕО: Шкендија го доби дербито со Силекс, Брера го победи Работнички во натпревар со седум гола

by Стефан
1 минути читање

Шкендија излезе како победник од денешното дерби со Силекс, славејќи со 2-0, а и во овој дуел еден од најважните за триумфот беше Бесарт Ибраими.

Првиот дел помина во бледа игра без вистински закани пред двата гола, со голема борба на средината од теренот. Сепак, второто полувреме донесе нешто повеќе шанси, Ибраими во 50. минута со силен удар го отвори резултатот и ја најави победата на Шкендија.

Силекс во продолжение се обиде да се врати, имаше свои шанси, но откако не ги реализираше, во самата завршница беше казнет, Красничи погоди за конечни 2-0.

На вториот натпревар кој се играше во Скопје, Работнички и Брера приредија вистинска голеада. Гостите од Струмица веќе по првите 45 минути водеа со 1-3. Работнички се разбуди во второто полувреме, успеа да постигне два гола, но прими уште еден и загуби со 3-4.

Со новиот триумф, Шкендија се искачи на врвот на табелата, барем до одигрувањето на мечевите на Вардар и Струга. Силекс е четврти, Работнички со само четири освоени бода останува претпоследен, додека Брера е на средината со 11 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×