Интер со три бода си замина од гостувањето на Сардинија, Лаутаро Мартинез и Фраческо Пио Еспозито донесоа победа од 0-2.
„Нероаѕурите“ врзаа три победи, по триумфите над Ајакс и Сасуоло, вечерва избраниците на Киву го совладаа Каљари.
Резултатот беше отворен во 9. минута, Лаутаро Мартинез со глава донесе предност од 0-1.
Трите бода беа осигурени во 82. минута, кога Франческо Пио Еспозито доби топка од Ди Марко и реализираше за 0-2.
За младиот напаѓач ова беше голот првенец во Серија А во „црно-синиот“ дрес и стана четвртиот најмлад стрелец на Интер.
Пред него е неговиот брат Себастијан Еспозито, кој вечерва го носеше дресот на Каљари, како и Марио Балотели и Марко Давиде Фараони.
ФОТО: X/Inter