Баерн продолжува да гази, Вердер го испрати со „покер“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Баерн Минхен и по пет кола во Бундеслигата продолжи да биде максимален и денеска во Минхен без поголеми проблеми го совлада Вердер со убедливи 4-0.

„Баварците“ уште од самиот почеток го наметнаа темпото и рутински стигнаа до нови три бода. Предноста ја донесе летното засилување од Ливерпул, Луис Дијаз, кој во 22. минута ја затресе мрежата на гостите. До паузата резултатот го зголеми Хари Кејн од пенал, а англискиот напаѓач и во второто полувреме повторно беше прецизен за 3-0.

Конечните 4-0 ги постави Конрад Лајмер, кој со првиот гол сезонава ја заокружи убедливата победа на Баерн.

По пет одиграни натпревари, тимот на Венсан Компани е лидер во германското првенство со максимални 15 бода и гол-разлика од импресивни 22-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×