Езгјан Алиоски игра во
фантастична форма во дресот на Лидс, тимот од „Еланд Роуд“ бележи одлични
резултати во последниов период а тоа се чини дека најмногу се должи на македонскиот репрезентативец.
Популарниот „Џани“ на
големо ги освојува симпатиите на фановите на Лидс, кои беа големи скептици за
летното засилување од швајцарски Лугано, но, целта ги оправдува средствата.
„Дали трансформацијата
на Алиоски во Лидс се должи на неговото разбирање на физичките потреби на
играта?“ прашува британски „HITC“ во својот наслов на веста посветен на нашиот репрезентативец.
„Македонскиот
интернационалец беше еден од најимпресивните фудбалери на „Белите“ во текот на
нивното оживвање, постигнувајќи четири гола во последните шест натпревари, со
тоа го осигура нападот на Томас Кристиансен како ефективен“ додава истиот
медиум подвлекувајќи дека
неговата работа и труд во тимот донесе големи промени во позитивна смисла на
зборот на неговите настапи.
Се мисли на тоа дека Алиоски ги прифати
критериумите на игра во Англија, цврста и машка игра. Македонецот повеќе не
дозволува на мускули да му се одземе топката а повеќе нема лесно паѓање на
теренот по одредени физички контакти со противниците барајќи прекршок.
Лидс освои седум бода во
последните три натпревари а нашиот Алиоски на 19 настапи постигна пет погодоци
засега. Со 33 освоени бода, Лидс засега се држи според планот во битката за
едно од местата кои водат во плејоф рундата за пласман во Премиерлигата.
Извор:
hitc.com/en