Хаос во Франција: Над 100 италијански ултраси завршиле во полиција! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Над 100 навивачи на Рома завршија во полициска станица во Ница откако предизвикале инциденти во пресрет на вечерашниот дуел од Лига Европа против францускиот клуб.

Како што пренесува „РМЦ Спорт“, дел од групата биле лоцирани со помош на безбедносните камери додека се движеле кон стариот дел од градот. При претресот кај нив биле пронајдени и одземени разни метални предмети.

Вкупно 102 лица, означени како „вооружени навивачи на Рома“, биле приведени во полициската акција.

Француските власти најавија засилени безбедносни мерки за натпреварот кој започнува во 21 часот, а околу 400 полицајци ќе бидат ангажирани за одржување редот за време на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×