Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно вели дека е шокиран од скромноста на неговите соиграчи, очекувал поинакво однесување од нив.
Вообичаените верувања се дека големите фудбалски ѕвезди се арогантни, самобендисани со кренати глави. Така мислел и Мастантуоно кога пристигнал во Реал Мадрид, но…
„Што ме шокираше најмногу? Колку скромни се моите соиграчи. Пример Карвахал, освоил шест титули во Лигата на шампионите, но е скромен, тој е лидер и прекрасна личност. Истото е и за Килијан, Вини, Џуд…“, вели Мастантуоно.
„Фудбалерот од кој сум најимпресиониран? Џуд Белингем. Тој е неверојатен, единствен. Тој е и голем лидер исто така“.
Аргентинецот кажа и што бара Чаби Алонсо од него.
„Тренерот Чаби ми вели да играм десно, да одам во еден на еден ситуации и да му помагам на тимот во дефанзивната фаза, бидејќи тоа му треба на тимот од мене“.