Градските власти не дозволуваат Барселона да се врати на Камп Ноу, според нив се уште не може да се гарантира безбедноста на навивачите.
Барселона сакаше во недела да игра против Реал Сосиедад на својот стадион, Камп Ноу пред 27.000 гледачи, колку што треба да има во првата фаза од пуштањето на објектот.
Но, градските власти на Барселона не дозволуваат, па враќањето на Камп Ноу повторно е одложено.
И овој натпревар ќе се одигра на Монжуик, таму каде што Барса ќе го пречека и ПСЖ на 1 октомври во Лигата на шампионите.
„Ја разбираме желбата на клубот да се врати што е можно побрзо на стадионот, но градскиот совет мора да ја гарантира безбедноста на сите посетители. Тоа е приоритет за нас“, велат од кабинетот на градоначалникот.