Палермо се искачи на
врвот од Серија Б, се’ оди
според планот за екипата од Сицилија, иако за момент се стравуваше дека без
капитенот Илија Несторовски е невозможно да се остварат зацртаните цели.
Токму Александар
Трајковски беше еден од најзаслужните за гостинската победа на Палермо од 0-3
кај Бари, а по оваа победа се огласи и капитенот Несторовски, кој упати
честитка до своите соиграчи.
„Честито момци“ гласеше
пораката на Несторовски на социјалните мрежи.
Интересно, Трајковски и неговите соиграчи со семафор, кој го користат судиите, ја прославија убедливата победа во соблекувалната по мечот, на која имаше број „3“, колку што постигнаа голови.
Трајковски со прекрасен волеј ја „искина“ мрежата на Сан Никола, Палермо славеше кај Бари (ВИДЕО)
Како што е познато,
македонскиот бомбардер се здоби со сериозна повреда што ќе го оддалечи од
фудбалските терени скоро еден месец, во Италија најавуваа дека би можел да се
врати по зимските подготовки.
Извор: mediagol.it