Андре Вилаш-Боаш е претседател на Порто, клубот со кој Жозе Мурињо ја покори Европа, но португалскиот стратег сега е тренер на нивниот голем ривал.
Неколку дена пред да биде назначен за тренер на Бенфика, Мурињо беше на натпревар на Порто на кој му беше оддадена почит. На видеобим имаше моменти од неговите успеси со Порто, беше бурно поздравен од навивачите.
Но, кратко потоа тој стана тренер на Бенфика. Откако станало јасно дека ќе има нова работа, Мурињо му пратил порака на Вилаш-Боаш и го известил каде ќе оди.
„Тоа не беше телефонски повик, беше само порака во која ме информираше дека ќе биде тренер на нашиот ривал. Не можам да му посакам среќа. Тоа е судбината во животот. Мојот одговор беше: „Тоа е твоја дестинација во животот. Прегратка“, рече Вилаш Боаш.