Митровски доби четврти нов тренер, иако е само неколку месеци во Олимпија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се соочува со навистина необична ситуација во својата нова средина. За само три месеци во Олимпија Љубљана тој доби веќе четврти тренер.

Денеска клубот официјално го промовираше Аргентинецот Федерико Бесоне како нов предводник на екипата. Тој потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување уште една година.

Олимпија ова лето минува низ сериозни турбуленции на клупата. По заминувањето на Виктор Санчез кој го освои шампионатот, тимот го презеде Жорже Симао, но остана само еден месец. Потоа следуваа кратки епизоди на Иван Сенцен и Ервин ван де Лој, кој исто така не успеа да донесе стабилност.

Сега Бесоне е новото решение, а останува да се види дали конечно ќе ја смири ситуацијата во клубот и ќе донесе посигурни резултати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×