Трајковски со прекрасен волеј ја „искина“ мрежата на Сан Никола, Палермо славеше кај Бари (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сицилијанците“ за гостувањето на Сан Никола беа без првиот играч Илија Несторовски, но во отсуство на „Нестогол“, заблеска вториот Македонец, Александар Трајковски.

Тој вечерва постигна прекрасен волеј во победата од 0-3 против Бари, триумф со кој Палермо се врати на врвот на табелата во Серија Б.

Гостите отпорот на Бари го скршија по еден час игра кога Рисполи донесе 0-1.

Во 69. минута, Трајковски од 11 метри прекрасно зафати еден волеј и ја „искина“ мрежата, а точка на натпреварот стави Коронадо со убав гол од далечина во 75. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани