Фудбалерите на Барселона очигледно не се доволно подготвени за новата сезона и покрај тоа што имаа два месеца одмор од крајот на минатата кампања и почетокот на подготовките.
Ханси Флик поради повреди до вчера не можеше да смета на четворица фудбалери (Тер Штеген, Јамал, Балде и Гави), а од синоќа на овој список е и играчот од средниот ред Фермин Лопез. Непосредно по завршувањето на дуелот против Гетафе тој се пожалил на повреда на препоните, а теренот го напушти во болки и солзи. Непосредно по последниот свиреж на судијата, легна на тревата и го прекри лицето со дланките, а медицинскиот тим дотрча до него за да му укаже помош.
🚨 Saltan las alarmas de nuevo en el Barça, esta vez por Fermín
— MARCA (@marca) September 21, 2025
👀 El jugador blaugrana abandonó el estadio cojeando y fue atendido al final del partido en el césped #barçagetafe #ferminlopez #barcelona pic.twitter.com/2aJDQMcAjP
Резултатите од првите прегледи не се позитивни, но се очекува денеска да има детали за што се работи. Фермин и на почетокот од минатата сезона доживеа повреда поради која пропушти 11 натпревари.