Кристијано Роналдо чекори кон магичната бројка од 1.000 голови во кариерата. Португалската ѕвезда го постигна својот 945. погодок во победата на Ал-Наср против Ал-Ријад со убедливи 5-1 во третото коло од саудиската Про лига.
Роналдо двапати се запиша во листата на стрелците, прво во 33. минута за 3-1 откако доби несебична асистенција од соиграч, а потоа и во 76. минута за да ја потврди доминацијата на својот тим. Овие голови му беа трет и четврти во тековната натпреварувачка година, а со нив уште еднаш потврди дека и на 40-годишна возраст останува во врвот на светскиот фудбал.
Освен Роналдо, двоен стрелец беше и многу критикуваниот Жоао Феликс, а гол постигна и Кингсли Коман.