„Шверцери“ ги натераа играчите да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужуваат! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкупи продолжува со катастрофалниот старт во новата сезона и го запиша седмиот пораз во исто толку натпревари. Чаирчани за првпат играа на својот стадион, откако претходно имаа проблеми со ВАР технологијата, но враќањето дома не донесе позитивен резултат.

Македонија Ѓорче Петров славеше со 0-2 благодарение на головите на Клинтон Осеи и Симеон Христов. По натпреварот навивачката група „Шверцери“ бурно реагираа, ги викнаа играчите пред трибината и им порача да ги соблечат дресовите бидејќи не заслужуваат да ги носат.

Шкупи останува без бодови по седум кола, а кризата на „Чаир“ е огромна. Пред почетокот на сезоната клубот се соочуваше со финансиска неизвесност и проблеми со регистрирање на засилувањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×