Жозе Мурињо по заминувањето од Фенербахче пронајде нов ангажман и се враати во Бенфика кааде што и започна да работи како тренер пред 25 години.
На претставувањето во поранешниот клуб Мурињо зборуваше за неговиот поранешен клуб и отворено истакна дека сега на епизодата во Фенербахче гледа како грешка во неговата кариера.
Само еден ден по неговата ваква изјава стигна и одговорот од Истанбул и тоа од претстедателот на Фенербахче, Али Коч.
„Заминувањето на Мурињо не беше лесно, го прифативме како член на семејството, но да се каже дека неговото доаѓање овде беше грешка, тоа ја намалува неговата вредност како тренер. Сите играчи кои сезоната претходно имаа 99 бодови во лигата со него доживеа пад. Керем Артутоолу постигна врвен гол, елиминацијата од Бенфика не беше вина на Мурињо“, изјави првиот човек на Фенербахче.
Мурињо во Фенербахче имаше за цел да ја прекине доминацијата на Галатасарај, но сепак португалскиот стратег не успеа да ја исполни таквата цел на раководството.