Теории на заговор и валкани игри, дали нешто се крие зад преселбата на Мурињо во Бенфика?

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо се подготвува за брзо враќање на фудбалот по отказот од Фенербахче, „специјалниот“ наскоро ќе биде промовиран во нов тренер на Бенфика.

Португалецот доби отказ од Фенербахче на крајот од август месец по елиминацијата од Бенфика во плеј-офот за Лигата на шампиони.

Токму Бенфика сега тропна на вратата на искусниот стратег и му понуди да се врати во клубот, 25 години по првото искуство на кормилото на „орлите“.

Официјалното соопштение ќе пристигне наскоро, а првиот човек на Фенербахче, Али Коч вели дека многу сомнително му изгледа сето ова.

„Некако многу чудна животна коинциденција“ – вели Али Коч.

„Мурињо е толку брилијантен што предвиде дека Бенфика ќе загуби од Карабах. Дури погоди и дека Бруно Лаж ќе добие отказ“.

„Марио Бранко (поранешен спортски директор на Фенербахче, а сега на Бенфика) е таму, сигурно имале план…“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×