УЕФА потврди, на ждрепката за Лигата на Нациите, Македонија ќе биде носител во Лигата Д (ФОТО)

by
3 минути читање

Уште кога беше
објавена ранг листата за октомври беше јасно дека Македонија ќе биде носител во
својата лига, а ова денеска и официјално беше потврдено од УЕФА.

Европската куќа
на фудбалот ги објави шеширите за ждрепката која ќе се одржи на 24. јануари во
Лозана.

„Црвено-жолтите“
се во првиот шешир во Лигата Д, заедно со Азербејџан, Белорусија и Грузија.


Во составувањето
на групите ќе има неколку ограничувања, Азербејџан и Ерменија нема да можат да
бидат во иста група, а исто така секоја група ќе може да има максимум еден пар
од: Андора-Казакстан, Фарски Острови-Казакстан, Гибралтар-Казакстан,
Гибралтар-Азербејџан.

Четирите
репрезентации кои ќе победат во своите групи ќе бидат промовирани во Лигата Ц,
а ќе играат и плеј-оф за едно место на ЕВРО 2020, под услов веќе да не
обезбедиле настап преку квалификациите.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани