Тренерот на Шкендија се жали: Се гледаат двојните стандарди во користењето на ВАР!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дербито на вонредното шесто коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Струга и Шкендија заврши без победник (1-1).

По натпреварот незадоволство за арбитражата изнесе тренерот на тетовчани Јетон Беќири. Тој смета дека постојат двојни стандарди при прегледувањето на ситуациите во ВАР собата, алудирајќи на пеналот од кој стружани израмнија и дојдоа до бод.

Ова беше вистинско дерби. Игравме против тим кој имаше пет победи и максимална самодоверба. Не можеме да зборуваме премногу за тактика и за фудбалска убавина, но имаше многу борба. Имаше некои ситуации кои што го одлучија натпреварот. Ако постигневме втор гол, мислам дека Струга немаше да успее да се врати.  Самиот пенал за противникот беше случаен и сомнителен. Ако сме искрени, уште еднаш се видоа двојните стандарди во користењето на ВАР-технологијата. Загрижен сум поради ситуациите со ВАР, проблемот со двојните стандарди, се надевам дека тој тренд ќе престане бидејќи ние само сакаме да играме фер, во исти нормални услови и теренот да го даде конечинот исход“, изјави Беќири.

Мора да се напомене дека на овој натпревар ВАР ѝ поништи два гола на домашната екипа, а во корист на Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×