25 годишниот македонски
репрезентативец и член на италијанскиот второлигаш Палермо, Александар
Трајковски изминатиот викенд доби прилика од првата минута да настапи против
Венеција, а мечот заврши без голови.
На клупата кај
домаќините се најде капитенот на екипата, Илија Несторовски, а неговото место
како осамен во нападот го презема токму Трајковски.
Дел од сицилијанските
медиуми повторно
ја отворија темата за „Трајко“, како што го нарекуваат нашиот офанзивец, притоа
запрашаа што ќе се случи со него во јануарскиот преоден рок.
„Македонскиот напаѓач
разочара против Венеција. Каква иднина го чека него?“ прашува „Спорт Лајв
Сицилија“.
„Јануари е се’ поблиску, близу е остварувањето на најавите дека
Македонецот може да го напушти Палермо и да биде испратен на позајмица“ додава
истиот медиум.
Извор: sport.livesicilia.it