Васоски реагира: Зошто е ВАР ако ова не се гледаше (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Силекс го забележа првиот пораз сезонава откако по пет последователни победи беше совладана на гостувањето кај Башкими со 2-1. По мечот, тренерот на кратовци, Александар Васоски, јавно изрази незадоволство од арбитражата.

Според него, Силекс бил оштетен за недосуден пенал во вториот дел, во момент кога фудбалер на гостите беше соборен во шеснаесетникот од дефанзивецот на Башкими, Есмин Личина.

„За мене чист пенал, зошто е ВАР тука, ако не се сигнализира и не се гледа снимката“, напиша Васоски на социјалните мрежи.

Во наредното коло Силекс ќе има тежок предизвик бидејќи ги чека дербито со Струга во Кратово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×