„Ѓаволите“ минатата сезона финишираа како 15-ти, најлошиот пласман во последните 51 година, но и покрај тоа пријавија рекордни приходи од 666,5 милиони фунти.
Манчестер јунајтед денеска ги објави резултатите за финансиската година која завршува на 30. јуни 2025 година, и се пофалија со рекордни приходи.
И покрај тоа што резултатите на теренот беа очајни, „ѓаволите“ сезоната ја завршија како 15-ти во Премиерлигата, најлошиот пласман во последните 51 година, клубот инкасирал дури 666,5 милиони фунти.
Но и покрај тоа, годината е завршена со загуба од 33 милиони фунти, иако ова е големо намалување во однос на претходната, кога загубата беше 113,2 милиони фунти.
Клубот од Олд Трафорд исто така очекува сезоната 2025/26 да биде полоша, проектираните приходи се движат помеѓу 600 и 640 милиони фунти.