194
Денеска беше извршена ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија, бранителот на трофејот, Вардар за противник го доби Новаци.
Ждрепката спои три прволигашки меча, Македонија ЃП ќе игра против Струга ТЛ, Башкими со Силекс, а Шкендија со Тиквеш.
Натпреварите се играат во еден меч, дел од нив ќе бидат на 24 септември, а други ќе се одиграат на 29 октомври.
1/8 ФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА
Македонија Ѓ.П. – Струга Трим Лум
Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
Вардар – Новаци
Башкими 1947 – Силекс
Шкендија Тетово – Тиквеш
Работнички – Брегалница 2008
Шкендија 77 – Пелистер
Беласица – Детонит Плачковица