„Ѓаволите“ ќе треба длабоко да бркнат во џебот доколку решат да се разделат со Рубен Аморим, отказ за Португалецот ќе значи исплата на компензација од 12 милиони фунти (околу 14 милиони евра).
Рубен Аморим изминативе денови е во фокусот на фудбалските вести на „островото“, неколку весници објавија дека тренерот на Манчестер јунајтед ја губи довербата и дека можеби му остануваат само „три натпревари за да си ја спаси работата“.
Шпекулациите велат дека „ѓаволите“ ќе ја искористат паузата во октомври за да направат анализа дали да продолжат со стратегот или пак да се разделат.
Доколку се решат за отказ, овој потег ќе значи значителен финансиски удар аз клубот од Олд Трафорд.
Се говори дека има клаузула според која Манчестер јунајтед ќе треба да исплати компензација од околу 12 милиони фунти (околу 14 милиони евра) доколку му врачи отказ на Рубен Аморим во првата година, односно пред 1. ноември.
ФОТО: fb/Manchester United