„Луис Енрике во фаца му кажа на Нејмар – одлично е што си заминуваш!“

by bojan
1 минути читање

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос откри како Луис Енрике се разделил во Нејмар, тренерот во лице му кажал на напаѓачот дека му е мило што го напушта клубот.

Луис Енрике седна на клупата на ПСЖ летото во 2023 и веднаш почна да го крои тимот по своја желба.

Една од првите жртви на новиот тренер беше Нејмар, кој беше продаден на Ал Хилал во зделка вредна околу 90 милиони евра.

Спортскиот директор на „светците“, Луис Кампос сега открива како стратегот се разделил со бразилската ѕвезда.

„Луис Енрике прв му кажа на Нејмар, „Одлично е што си заминуваш“. Му го кажа ова во лице. Бидејќи тој на поинаков начин размислува за фудбалот, треба да се игра како тим и игра оној кој е најдобар на тренинзите во текот на неделата, оној кој заслужил да се најде во стартниот состав“ – вели Кампос во разговор со РМЦ Спорт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×