Еден од најнаивните пенали, Ливерпул во 95. минута стигна до три бода кај Барнли (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Ливерпул го задржа 100% учинок на стартот од новата сезона во Премиерлигата, момците на Слот попладнево освоија три бода на гостувањето кај Барнли кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши 0-0.

„Црвените“ остануваат единствената екипа со максимални бодови, попладнево го совладаа Барнли за четири од четири.

Актуелниот шампион на Англија тешко се справуваше со дефанзивниот пристап на домаќините, го имаа поседот на топката, но креираа малку шанси за гол.

И кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши 0-0, Меџбри Ханибал направи многу наивен пенал, на работ од шеснаесетникот испружи рака при еден центаршут и Мајкл Оливер немаше друг избор освен да покаже на белата точка.

Салах презеде одговорност и го реализираше пеналот за 0-1 во 95. минута од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×