174
Од таборот на Вардар брифираа дека во следните денови ќе тренираат во Охрид поради загаденоста на воздухот од пожарот што изби во отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево.
Вардар за следниот предизвик во ПМФЛ ќе се подготвува во Охрид, ваква одлука донела управата на барање на стручниот штаб.
Тренинг базата на „црвено-црните“ во Хиподром е во непосредна близина на отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево каде што вчера избувна пожар, па поради загаденоста на воздухот, нема услови за тренинг.
Вардар сега ќе биде во карантин во Охрид, и од таму ќе патува во Гостивар за пресметката против Арсими во четврток, во рамките на 6. коло.