Алехандро Гарначо доби критики откако Брентфорд во судиското надополнување му откина два бода на Челси, Фабио Карваљо остана сам на подалечната статива и ја затресе мрежата за 2-2.
„Сините“ се вратија од гол негатива и со погодоците на Палмер и Каиседо беа на добар пат да си заминат со три бода од гостувањето кај Брентфорд.
Сепак, во третата минута од судиското надополнување, популарните „пчели“ од аут уфрлија топка во петерецот, Фабио Карвањо остана сам на подалечната статива и ја затресе мрежата за 2-2.
Алехандро Гарначо беше задолжен за него, но Аргентинецот како да подзаборави дека има фудбалер зад него, па доби критики.
„Гарначо имаше само една задача, да го маркира Карваљо. Требаше само да внимава на него, толку едноставно. Не дозволувај да ти избега, сега си еден од дефанзивците. И можам да кажам дека Гарначо заспа во клучен момент. Топката е уфрлена во пет метри, Гарначо не е сконцентриран, топката поминува на втора статива и Карваљо ја затресе мрежата“ – вели Џејми Реднап, кој го работеше мечот како стручен коментатор на Скај Спортс.
Алехандро Гарначо се пресели во Челси од Манчестер јунајтед во последните денови од преодниот рок и ова му беше прв натпревар во синиот дрес.