Пред две недели Брера остана без тренер откако Панче Стојанов поднесе оставка, клубот го бараше неговиот наследник и го пронајде.
Нов шеф на стручниот штаб на Брера ќе биде Мартин Алаѓозовски, тој ќе го води тимот на денешниот натпревар против Шкупи.
Брера ќе биде сериозен предизвик за Алаѓозовски, целта е да се избори опстанок во сезона кога повеќе тимови можат да испаднат од лигата.
Зад себе Алаѓозовски има успех и со пионерскиот состав на Брера со кој минатата година стигна до трофејот во првенството и купот, исто така го водеше и младинскиот тим против Сараево.
Во моментов тој е и дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија до 16 години.
Брера по четири кола е без победа, има два нерешени дуели и два порази.