Илија Несторовски даде ефектен деби-гол во новата сезона! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го постигна првиот гол во новата сезона во ХНЛ во дресот на Славен Белупо.

Прилепчанецот донесе победа за Славен на домашен терен против Истра 1961 (2-1). Гостите поведоа преку Кадушиќ, а Митровиќ израмни во 33. минута.

Несторовски во пресрет на завршницата даде ефектен гол и во 77. минута погоди за 2-1. Македонскиот напаѓач одигра добра акција со Шуто кој му ја одложи на Нестор, а овој ефектно реализира од шеснаесетникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×