Англискиот премиерлигаш Челси се соочува со обвинувања за дури 74 прекршувања на правилникот на Фудбалскиот сојуз на Англија во периодот кога клубот беше под водство на Роман Абрамович.
Неправилностите, според ФА, се однесуваат на договори со менаџери и вложувања во играчи преку трети страни, а се случувале помеѓу 2009 и 2022 година.
Интересно е што до ваквото откритие се дошло откако актуелните американски сопственици, при процесот на преземање на клубот, направиле детална анализа и самите ги пријавиле сомнителните активности во ФА. Со тоа, тие сакале да стават до знаење дека прекршувањата се направени пред нивното доаѓање и така да избегнат проблеми.
Челси има рок до 19 септември да одговори на обвинувањата, а како олеснителна околност ќе се земе предвид отворената соработка на новата управа со инспекторите.