231
Манчестер Сити пред голем проблем во пресрет на дербито со Јунајтед. Египетскиот напаѓач Омар Мармуш заработи повреда на коленото играјќи за репрезентацијата и сигурно ќе го пропушти натпреварот во недела, пишува „Гардијан“.
Мармуш беше заменет уште во деветтата минута од мечот со Буркина Фасо, а клубот потврди дека ќе се врати во Англија на нови прегледи и рехабилитација.
Ова е нов удар за Пеп Гвардиола кој веќе не може да смета на Рајан Черки и неизвесниот Фил Фоден. Единствена добра вест за „граѓаните“ е фантастичната форма на Ерлинг Халанд, кој постигна пет гола за Норвешка против Молдавија.