298
Елиф Елмас пред репрезентативната пауза го комплетираше враќањето во Наполи, а откако ги заврши обврските со Македонија се врати во Италија и му се стави на располагање на Антонио Конте.
Македонскиот фудбалер почна да тренира со соиграчите и подготвен е за своето ново деби за Наполи.
Италијанските медиуми пишуваат дека Елмас изгледа среќно и едвај чека да заигра во дресот на Наполи.
Главниот адут на Елмас е неговата разновидност, фактот што може да игра на сите позиции во средниот ред.
Елмас беше стрелец на еден од головите за Македонија против Лихтенштајн, фудбалерот на Наполи по фантастична соло акција постигна погодок.
Фото: Наполи