Фенербахче го потврди наследникот на Мурињо – пристигна Италијанец!

by Стефан
1 минути читање

Турскиот гигант, Фенербахче, доживеа разочаруваање во Европа откако овој клуб не успеа да се пласира во Лигашкиот дел од Лигата на шампионите, па цената ја плати Жозе Мурињо кој доби отказ.

Фенербахче се поврзуваше со тренери како Анге Постекоглу, Един Терзиќ, па дури и Зинедин Зидан, но на крајот изборот падна на Италијанецот Доменико Тедеско.

„Доменико Тедеско е именуван за главен тренер на нашиот клуб,“ соопштија од Фенербахче.

Тедеско потпиша договор на две години, а во стручниот штаб ќе му се приклучи и поранешниот фудбалер Гокан Гонул. Во својата досегашна кариера Тедеско ги водеше Шалке, Спартак Москва, Лајпциг и Ерцгебирге Ауе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×