599
Шкупи доведе ново засилување во своите редови и тоа Марио Станковски, син на поранешниот македонски репрезентативец Горан Станковски.
Станковски најголемиот дел од кариерата го помина во домашниот шампионат, со исклучок на кратка авантура во 2023 година во Словенија, каде настапуваше за Триглав.
На домашната сцена пак ги бранеше боите на повеќе клубови: Работнички, Тетекс, Тиквеш, Гостивар, Саса, Борец и Македонија ЃП, каде што играше во изминатата сезона.
Инаку, неговиот помлад брат Лука Станковски пред неколку дена против Лихтенштајн го постигна првиот гол во дресот на Македонија.