272
Анге Постекоглу е изборот за тренерската позиција во Нотингем Форест. Австралиецот со грчки корени ја доби довербата од сопственикот Евангелос Маринакис и ја презеде клупата на премиерлигашот.
Минатата сезона Постекоглу го водеше Тотнем со кој го освои трофејот во Лигата на Европа. Сепак, клубот се раздели со стручњакот и оттогаш е без ангажман.
Нотингем Форест синоќа се раздели со Нуно Еспирито Санто, а веднаш потоа го ангажира Постекоглу како негова замена.
Дебито на Постекоглу на клупата на поранешниот европски првак ќе биде в сабота против вицепрвакот Арсенал на „Емирати“.