Милан се ослободи од уште еден фудбалер, го продаде во Саудиска Арабија

by 24 фудбал
1 минути читање

Јасин Адли заминува од Милан и кариерата ќе ја продолжи во Ал Шабаб. Договорот е постигнат и фудбалерот добил дозвола да патува за да ги заврши медицинските прегледи. Иако заврши преодниот рок во Европа, Саудијците можат и натаму да регистрираат нови имиња, па тоа го користат.

„Росонерите“ ќе инкасираат околу 7 милиони евра со бонуси вклучени во пакетот, додека францускиот играч за врска ќе потпише договор до јуни 2028 година.

Ал Шабаб ја доби трката за потписот на 24-годишниот фудбалер кој во Милан не успеа да избори поголема минутажа.

Милан го купи Адли од Бордо во 2021 година за девет милиони евра, па го остави на позајмица. Исто така играчот за врска беше позајмен и во Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×