Брегалница го прегази Тетекс во Штип

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Брегалница Штип убедливо го совладаа Тетекс со 6-1 во единствениот натпревар одигран денеска во рамките на Втората лига.

Штипјани резултатот го отворија по половина час игра преку Даниел Карчевски, што воедно беше и единствениот погодок во првиот дел. Веднаш на стартот од второто полувреме Дарко Алексовски зголеми на 2-0, а во 58. минута гостите од Тетово преку Мисајловски намалија на 2-1.

Сепак, повеќе од тоа не можеа и Брегалница до крајот доминираше, а со головите на Тасев, повторно Карчевски, Демири и Бојџиев стигна до убедлива победа.

По три кола штипскот тим имат седум бода, исто колку и Беласица, Кожуф и Шкендија Арачиново, додека Тетекс со три освоени бода се наоѓа во долниот дел од табелата, на 13. место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×