Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра уште еден пријателски натпревар до крајот на годината. Веднаш по септемврискиот циклус, стигна потврда дека нашата селекција ќе ги одмер силите со Летонија на 13 ноември во Скопје.
Средбата ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а точниот термин ќе биде дополнително потврден. Овој дуел ќе им послужи на избраниците на селекторот Благоја Милевски како подготовка пред гостувањето во Велс кој може да бидде клучен во борбата за Светското првенство.
Летонците не се непознати ривали за Македонија и против нив игравме минатата година во Лигата на нации, а на дата дуели ние излеговме како победници.
Македонија е лидер во групата со 11 бода, Белгија и Велс имаат по 10, но „црвените ѓаволи“ имаат натпревар помалку. Казахстан е четврти со 3, а Лихтенштајн е последен без бод ,па така тој натпревар со Велс може да биде и и тоа како важен.