„Со Полска изгубивме со автогол, гол од сомнителната ситуација и индивидуална грешка – против Италија ќе биде поинаку“

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Македонија до 21 година по поразот од Полска во Краков утре на домашен терен ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2027 и тоа против Италија на домашен терен.

Натпреварот ќе го играме во Битола, а селекторот Горан Станиќ очекува еден сосема поинаков дуел во однос на претходниот со Полска.

„Полска е зад нас, ги воочивме грешките и ќе се потрудиме да не се повторат утре против Италија. Имавме и низа позитивни работи од мечот во Краков. Бевме речиси егал во посед на топка, ни недостасуваше последно додавање и завршница, а головите ги примивме наивно. Еден автогол, вториот од сомнителна ситуација за офсајд и последниот по индивидуална грешка. Резултатот не е мерило за играта. „Фудбалерите се подготвени за Италија. Анализиравме и планот за мечот е направен. Италија е многу поразлична репрезентација од Полска. Играат различен систем, тактички се на врвно ниво, имаат брзи крила и треба да бидеме многу внимателни“, изјави Станиќ.

Терминот за натпреварот е 18:15 часот, а се игра на стадионот „Петар Милошевски“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×