Чурлинов: Секоја селекција треба да си го испоти задникот за да победи во Скопје!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дарко Чурлинов беше третиот македонски стрелец во убедливата победа над Лихтенштајн (5-0) во квалификацискиот натпревар за следниот Мундијал.

По постигнатиот гол и победата во Скопје, Чурлинов даде интересна изјава. Тој кажа дека вака посветено треба да се игра секогаш, а секој кој ќе сака да победи тука треба да се измачи.

Она што го договаравме пред мечот, добро го реализираме, го пренесовме на терен и тоа ни го донесе овој убедлив резултат. Во денешниот фудбал не постои релаксирачки и лесен натпревар, никој не може да влезе со 70% од своите можности, особено кога се носи дресот на државата. Тоа треба така да биде и во иднина, ние секогаш ќе даваме 100%, а секоја селекција што ќе гостува во Македонија ќе треба да знае каде доаѓа и ќе треба да си го испоти задникот ако сака да победи во Скопје“, изјави Чурлинов.

Пред Македонија во октомври се два натпревари, прво на гости кај Белгија, а потоа дома против Казахстан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×