Фудбалската репрезентација на Македонија славеше со убедливи 5-0 против Лихтенштајн во натпревар од квалификациите за Светското првенство.
Нашата селекција го декласира аутсајдерот, а по натпреварот на кој даде деби-гол својот став го сподели Лука Станковски.
„Нормално дека ми е мило за погодокот, ова е сон на секој фудбалер, но најважно од сè е што Македонија победува и добро е што од натпревар во натпревар играме сè подобро и подобро. Македонија на секој натпревар оди на победа, ниту еден противник не е лесен, но ние сме среќни за трите бода. Оваа Македонија оди на победа на секој натпревар“, изјави Станковски.
Македонија е лидер во групата по пет одиграни натпревари со 11 бода, второпласиран е Велс со 10, а Белгија со два меча помалку е на седум.