Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас денеска постигна гол по еден фантастичен соло-продор во триумфот над Лихтенштајн од 5-0 и беше еден од најдобрите на теренот.
Елмас испрати и порака дека сите во репрезентацијата морааат да останат со ладни глави со цел исполнување на големиот сон – пласман на Мундијал..
„Одигравме квалитетен натпревар, знаевме овие три бода колку се важни. Искрено се надевам дека вака ќе продолжиме, не чекаат многу важни натпревари, секогаш одиме на победа, меѓутоа пред нас е тежок период. Па така со ладни глави ќе се обидеме да го исполниме нашиот детски сон. Се ежам кога се зборува за Мундијалот, од самиот почеток целам на највисоко ниво, затоа и сме тука, даваме се од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца“, изјави Елмас.
Во следниот натпревар, Македонија ќе игра на гости против Белгија на 10 октомври.