Во последниот ден од преодниот рок, Кристал Палас го ангажираше Кристантус Уче од Хетафе на позајмица со обврска во целост да биде купен во зделка вредна околу 21 милион евра, фудбалерот во сезоната 2022/23 играше во петта лига.
Кристантус Уче изминативе денови беше во фокусот на јавноста откако пораката која ја испрати по трансферот во Кристал Палас беше од збор до збор идентична со онаа на Фабио Да Силва, кој се збогува со Вулверхемптон и кариерата ја продолжи во Борусија Дортмунд.
Но Нигериецот сега повторно е интересен за љубителите на фудбалот поради необичната фудбалска приказна и патот до врвот.
Тој во ноември 2022 пристигнува во Шпанија и потпишува со Морало, клуб кој тогаш се натпреварува во петта лига.
По само неколку месеци, го привлекува вниманието на Сеута, и летото во 2023 за симболични 800 евра се сели во тогашниот шпански третолигаш.
Само неколку месеци беа доволни за да се најде на радарот на најдобрите клубови во Шпанија, и летото во 2024 прави нов трансфер, се сели во Хетафе за помалку од 500.000 евра, плус процент од следниот трансфер.
Во Хетафе добива и нова улога, да игра поофанзиво, па постигнува гол веќе на својот прв натпревар, а со добрите партии во продолжението од сезоната го привлекува вниманието на многу клубови ширум Европа.
Во последниот ден од летниот преоден рок, тој направи трансфер во Кристал Палас, станува збор за позајмица со обврска во целост да биде купен, а целата зделка е вредна околу 21 милиони евра.
Па во период од сам две години, неговата цена порасна за неверојатни 26.000 пати.