Самуел Бастиен, фудбалерот на холандската Фортуна Ситард по повеќемесечна пауза откри зошто го немало на теренот.
Во разговор за белгиските медиуми тој откри дека поминувал низ драматичен период од неговиот живот.
„Се започна по еден пријателски натпревар. Не се сеќавам против кого игравме, но знам дека почна многу да ме боли глава. Легнав да спијам со надеж дека болката ќе помине, но не беше така. Кога болката не помина отидов на доктор и ми даде таблета. Не помогна ниту тоа“.
По направените испитувања два дена подоцна го повикале итно да дојде во болнницата.
„Тогаш ми кажаа дека сум имал мозочен удар. Имав среќа и за „влакно“ избегнав смрт. Завршив на операција која ми остави рана од 15 сантиметри. Не се плашев.
По операцијата три дена бев во кома., поминавв и уште две недели во болница, а потоа одев на рехабилитација. Добивав пораки на Инстаграм и многумина ме прашуваа кае сум, но сакав да се повлечам и да поминам низ се со поддршката од семејството. Прво бев во количка, потоа одев на шаки. Морав одово да учам да одам, но не се откажував“, раскажа Бастиен.