212
Фудбалската репрезентација на Мароко обезбеди пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада кое ќе се одржи во 2026 година.
Избраниците на Валид Реграги во Рабат го совладаа Нигер со убедливи 5-0 во рамки на групата Е и така веќе по шест одиграни натпревари се сигурни патници на Мундијалот.
Мароко има максимални шест победи со гол-разлика 19:2. Стрелци против Нигер беа Саибари двапати, Ел Каби, Игамане и Унахи.
Мароканците ќе настапат на свое трето последователно и вкупно седмо светско првенство. Претходно пласман на турнирот веќе изборија Јапонија, Иран, Јужна Кореја, Узбекистан, Австралија, Јордан, Нов Зеланд, Аргентина, Бразил, Уругвај, Колумбија и Еквадор.