Италија на Џенаро Гатузо тргна со убедлива победа над Естонија (5-0) во квалификациите за Светското првенство.
Со доаѓањето на поранешниот репрезентативец и италијанска легенда се очекува повеќе дисциплина во тимот. На оваа тема зборуваше Џакомо Распадори, кој доби прашање дали навистина Гатузо им дели по некоја „воспитна“.
„Гатузо е посебен, тој буквално ни удира по некоја шлаканица, јас добив една по главата. Во овој краток период тој ни внесе решителност, ние сме талентирана група, но тоа мора да го покажеме на теренот. Мора да веруваме во нашите можности и да напредуваме. Гатузо е одбран бидејќи беше дел од тимот кој го освои СП во 2006 година, беше многу квалитетен играч. Имав среќа да го гледам како игра, а сега тие потези ги препознавам и на тренинзите. Начинот на кој ни зборува е неверојатен, без разлика дали како група или еден на еден. Ни покажа колку е важен дресот на Италија и што претставува. Ние бевме добри и тоа го прифативме многу бргу“, изјави Распадори.
Италија ги пропушти двете претходни Светски првенства и примарна цел е враќање на мундијалската мапа.